Пораката на ѕидот

Можеби врне. Можеби не врне, ама ни врне внатре во главите.
Можеби е доцна есен. Можеби Јануари ќе е полош и сметките едвај ќе се крпат.
Можеби голтаме загаден воздух, а соништата, барем за денес, ни ги згазила нечија тешка чизма.
Можеби сме осамени. Можеби сме осамени дури и кога цел свет е околу нас, на крајот од се’.
Понекогаш животот е во боја. Понекогаш е очајно црно-бел.
Ама… исто така, понекогаш, на најраспарченото ќоше на некој ѕид, некаде скришум, ќе начекаме порака која небаре не чекала нам и тивкиот ни поглед… и ќе и’ поверуваме, барем за еден цел момент, а тоа ќе биде сосема доволно.
*
Život je lep
Белград, 2017та.