Врз основа на член 5 и член 6 од Законот за задругите (Сл. Весник 54/02 од 04.07.2002, Сл. Весник 84/05 од 03.10.2005 г.), Собранието на Прва задруга на општествено-хуманистички работници ПСИХОАКТИВ со ограничена одговорност Скопје, со седиште на ул. 23ти Октомври бр.33-3/11, 1000 Скопје, на седницата одржана на ден 06.11.2017 година, го донесе следниот: СТАТУТОпшти Одредби Член 1Со овој Статут се уредуваат основањето, членувањето, средствата, фондовите, организацијата и престанокот на работа на задругата.Фирма и седиште на ЗадругатаЧлен 2Името на задругата е Прва задруга на општествено-хуманистички работници ПСИХОАКТИВ со ограничена одговорност Скопје (во понатамошниот текст Задруга).Скратен назив на задругата е ПСИХОАКТИВ Скопје.Седиштето на Задругата е во Скопје, општина Аеродром, адреса: 23ти Октомври бр. 33-3/11.Печатот, архивските печати и штембилот на Задругата се употребуваат на сите општи акти и коресподенцијата на Задругата.Основна дејност на задругата е пружање психолошка помош и советување, според носечката шифра за психолог – советник во советувалиште во Националната класификација на занимања: 2514/2634.08.Во продолжение, покрај психосоветувањето, како дел од основната дејност на задругата ПСИХОАКТИВ ги вбројуваме и следните шифри:3240/4.07 – Самостоен психолог – истражувач2513/2634.11 – Психолог – психотерапевтЗадругата ги објавува одлуките преку е-маил адреса на членовите.Носечки и други дејности на задругата ПсихоактивГЛАВНА дејност на Задруга Психоактив:I. Психолошка дејност 2511/2634.061.2 Самостоен психолог – истражувач 3240/4.071.3 Психолог – советник во советувалиште 2514/2634.081.4 Психолог – психотерапевт 2513/2634.11Споредни дејности:II. Социјална педагогија 3456/2351.07III. Раскажување 3138/2655.03ГЛАВНА дејност на ПОДРУЖНИЦА 1I. Издавачка и уредничка дејност1.1 Издаваштво 2507/3315.041.2 Уредник 3953/2641.01Споредни дејности:II. Фотографска дејност 4019/3431.012.1 Фотографски техничар 4023/3431.072.2 Фотолаборант 4024/8132.08Цели на задругата Член 3Задругата има за цел да го поттикне и унапреди економскиот интерес на нејзините членови, но и да промовира позитивни и корисни вредности, лична и колективна автономија и критичка мисла во пошироката заедница со тоа што самата или преку други ќе:Пружа психолошки услуги за нејзините членови или клиенти кои имаат акутни кризи, хронични душевни растројства, или пак се заинтересирани за подлабока психолошка експлорација на Себството. Услугите можат да бидат од психодијагностички (бесплатно), психосоветувачки, психотераписки, социотераписки и ресоцијализирачки и рехабилитирачки карактер; и тоа кон деца, возрасни, парови и организации. Задругата ќе има телефонски број за кризни ситуации; ќе има свој веб-сајт на кој ќе бидат достапни лица за контакт во секое време. Задругата обезбедува анонимност, ефикасност и доверливост за сите свои членови-корисници на услуги, надворешни корисници на услуги, своите вработени и надворешни соработници или организации. Притоа, го почитува Етичкиот Кодекс за психолошка дејност, издаден од Комората на психолози на Р.М.Ќе ги отелотворува вредностите за кои се залага со своето постоење и редовно ќе одржува јавни настани во склоп на својата визија за пружање квалитетно неформално образование. Ваквите настани ќе бидат во вид на бесплатни јавни предавања, семинари, работилници и сл.Ќе се бори за заштита и унапредување на статусот и правата на маргинализираните поединци и заедници во Р.Македонија: прекаријатните работници, етничките малцинства, корисниците на дроги, лицата со психички нарушувања, уметниците, лицата од LGBT заедницата и сл. Понатаму, задругата континуирано ќе работи на рушење на стереотипните табуа и развој на позитивни вредности во непосредната но и пошироката заедница.Континуирано ќе се вмрежува и соработува со другите задруги од овој тип во Р.Македонија и ќе го поддржува нивниот раст и развој. Задругата Психоактив ќе го поддржува задружното движење во Македонија и помага во формирањето на задругарски модели кои би ги опфатиле сите потреби на граѓаните на Р.Македонија.Ќе остварува партнерска соработка со универзитети, институти и невладини организации кои делуваат на сличен начин или во однос на слични категории. За таквиот тип на соработка се одлучува на Генералното Собрание, а одлуката потоа поминува низ Управниот одбор.Самостојно врши истражувања со кои ќе ги поткрепува или подобрува своите услуги или воопшто, својот организационен модел.Самостојно извршува издавачка и уредничка дејност за да објавува фанзини, списанија, стручна и уметничка литература.Обезбедува соработка со надворешни стручни лица и овластени сертификатори, има соработка со меѓународни колективи, здруженија и било какви организации, но и поединци со кои споделува вредности, цели или организациона структура, и го поддржува развојот и видливоста на психологијата како наука но и занимање во Македонија, притоа почитувајќи го Етичкиот Кодекс на психолозите во Р.М.Одржува јавно Генерално Собрание секоја година во месец Мај, кое служи за информирање на пошироката јавност и евентуално зголемување на видливоста на задругарството како модел, но и психолошката работа како достоинствен труд.Промовира одржлив социјален развој.Ќе ја одржува својата автономија и независност на секој можен начин. Доколку задругата влезе во договор со друга организација, особено владина – тоа ќе се случи само под услови кои ќе гарантираат демократска контрола од страна на Задругарите и задржување на автономијата на Задругата.И слични активности поврзани со овие цели.Задругата своите цели, задачи и активности ке ги остварува во согласност со Уставот на РМ, законот за задруги и останатите закони на РМ.Основачко Собрание на Задругата Член 4Основачките на задругата го свикуваат основачкото собрание и го донесуваат статутот во писмена форма.Основачкото собрание ги одобрува сите писмени извештаи изготвени и доставени од страна на основачите во врска со влоговите изразени во предмети или права, како и во врска со почетниот имот на задругата.Основачкото собрание ги назначува органите на задругата.До запишувањето на задругата во централниот регистар, членството се стекнува преку потпишување на статутот на задругата.Правен субјективитетЧлен 5Задругата се стекнува со правен субјективитет од денот на уписот во Централниот Регистар на Р.М.Подружници и фирмиЧлен 6Задругата може да основа подружници.Задругата може да основа фирми во склоп на дејноста на своето работење, само во согласност со целите и принципите на задругата.Органите на задругата се должни да ги следат целите и принципите на задругарско работење во соработка и договори со други организации, вклучувајќи ги и владините, и го прават тоа само под услови кои гарантираат демократска контрола на своите членови и одржување и задржување на автономноста на задругата.Прием на членство во Задругата Член 7Бројот на членовите во задругата е неограничен, а условите за стекнување на членството во задругата се утврдуваат во статутот на Задругата.Член во задругата може да биде секое правно и физичко лице.За приемот на нови членови во Задругата одлучува Управниот одбор (за потребите на овој документ, овој орган понатаму ќе биде означен како Управен одбор). Заинтересираните за членство треба да поднесат барање (според урнек) за прием до Генералното Собрание. За прием на нов член одлучува Управниот одбор, а го верификува Генералното Собрание.Притоа, со оглед на одлуката донесена на Генералното Собрание, одлуката донесена на Управниот одбор, официјално се одобрува или одбива барањето за членство. За одобрување на членството, поединецот мора да добие мнозинство од гласовите.Во случај да членството на поединецот не добие верификуван статус од страна на наведените органи – поединецот добива можност да аплицира повторно за 6 (шест) месеци од датумот на одбивање на неговото барање за членство.По добиеното барање за членство, Управниот одбор е должен во рок од највеќе 5 (пет) календарски денови да одлучи и да го извести подносителот на барањето (телефонски или преку e-mail) за одлуката за статусот на неговото членство и истиот да го повика на уплата на членски влог. Доколку во рок од 5 (пет) календарски денови од известувањето за прифатено членство лицето не го уплати членскиот влог – одлуката за прием на новиот член се смета за поништена.Доказ за членство и лични податоци на членовитеЧлен 8Како доказ за членство и влог, членот ќе добие потврда за удел од Задругата, во која како доказот за членство ќе бидат наведени се следниве податоци:Името и презимето, ЕМБГ, местото на живеење, односно фирмата, седиштето, ЕМБС, ако членот е правно лицеБројот и вредноста на уделитеНачинот и времето на уплата на уделот.Потврда за удел ја издава и доставува Генералното Собрание. Заштитата на горенаведените лични податоци ќе биде обезбедена преку соработка со Агенцијата за заштита на личните податоци и носење на соодветни правилници од страна на Задругата, како истата би обезбедила нивна обработка и максимална безбедност.Права и должности на членовитеЧлен 9 Сите членови во Задругата ги имаат истите права и должности.Членовите ги имаат следните права: Да управуваат со Задругата;Да волонтираат во Задругата;Да ги користат услугите на Задругата со соодветен попуст;На дел од добивката од работата на Задругата;Да бираат и да бидат бирани во телата на Задругата;Да бидат информирани за програмата, работата и финансискиот извештај на задругата;На увид и контрола на работењето на Задругата;Да отстапат од Задругата;Секој член на задругата е автоматски член и на Генералното Собрание.Притоа, за да стане член на Управниот одбор, треба да биде избран како задругар-застапник според соодветен правилник. Парични и непарични обврски на членовитеЧлен 10 Членовите ги имаат следните обврски:Да ги штитат и промовираат колективните интереси на Задругата;Да ги користат услугите на Задругата во согласност со одлуките на Собранието и другите тела на Задругата;Да го почитуваат Статутот на задругата;Да уплатат влог ( минималниот влог ќе изнесува 3.600 мкд);Да плаќаат редовно членарина на Задругата; (годишната членарина изнесува 3.600 денари)Да го штитат угледот и интересите на задругата.Престанок на членствоЧлен 11Членството во Задругата престанува со:Со своеволно истапување од членство;Со престанок на постоењето на Задругата;Со неисполнување на условите за членство кон Задругата;Непочитување на обврските кон Задругата;Исклучување од членство од страна на Генералното Собрание;Исклучување од членство преку Одлука на Генералното Собрание и Одлука на Управниот одбор; Смрт на членот.Член 12Управниот одбор може да донесе одлука за исклучување од членство во следните околности:Во случај кога членот престанува да ги користи услугите од Задругата за период одреден со одлука на Управниот одбор.Член кој оддава деловни тајни на Задругата.Член кој работи спротивно на интересите и целите за кои е формирана Задругата.Начин на престанок на членствоЧлен 13 Постапката за исклучување ја покренува член во Задругата во пишана форма која ја доставува до Управниот одбор. Одлуката за исклучување од членство донесена од Управниот одбор мора да ги содржи и причините за исклучувањето и истата му се доставува на членот по е-маил и со тоа се смета за доставена.Член 14 Одлуката за одбивање на барање за членство не мора да биде образложена.Одлуката за исклучување или истапување од членство мора да биде образложена.Членот има право да ја обжали одлуката за исклучување по писмен пат, не подоцна од еден месец по известувањето за исклучување до Генералното Собрание.Генералното Собрание одлучува по жалбата на наредната редовна (или, во ретки случаи, вонредна) седница.Во случај на исклучување на член, 50% од неговите удели остануваат во Задругата, а другите 50% ги добива истоимениот – ова важи за членови кои биле во Задругата повеќе од 6 (шест) месеци. Во случај на исклучување на член кој бил задругар помалку од таа временска рамка, Задругата ги задржува уделите. При исклучување на членови кои биле во Задругата две (2) години или повеќе, 80% од уделите ги добива членот, а Задругата задржува 20%. Пренос на членствоЧлен 15 Во случај на смрт на членот, на неговите наследници ќе им се исплати уделот на бившиот член, согласно оставинско решение. Наследникот е должен да биде член мин. 12 месеци по здобивањето на право на членство преку наследност, пред да истапи по своја слободна волја.Повлекување Член 16 Членот може да се повлече од членството во задругата само на крајот на деловната година и само под услов за таквото повлекување да ја известил задругата најдоцна 3 (три) месеци пред повлекувањето. Исплата на дивиденда или соодветен надомест се извршува една година по истапувањето на членот по одлука на Управниот одбор. Висината на овие побарувања се пресметуваат врз основа на имотот на задругата прикажан во билансот на состојбата на денот на повлекувањето, без резервите.По исклучок, правото на повлекување може да се изврши под услов членот кој се повлекува да плати определен износ на обесштетување на Задругата, ако неговото повлекување може да предизвика значителни штети на задругата или го загрозува нејзиното натамошно работење. За повлекувањето на таков член, и за висината на обесштетувањето, одлучува Управниот одбор.При отстапување од членство поради било која причина, се враќа 50% од влогот на членот, во временски рок не подолг од 3 месеци по истапување на членот. По исклучок исплатата може да се изврши за период подолг од три години, ако таквата исплата може да предизвика сериозна штета или го загрозува идниот развој на задругата, за пролонгирање на исплатата одлучува управниот одбор.Висина на влог и создавање на главнина на задругатаЧлен 17Членските влогови преставуваат главнина на Задругата. Еден член има право да вложи еден влог.Доказ за членство во задругата е издадената потврда за удел (пристапница).Висината на влогот ја одредува Генералното Собрание на задругата.Членскиот влог во Задругата освен во пари, не може да биде изразен во предмети и/или права.Покрај основачките влогови, влоговите на новите членови исто така се запишуваат во Централен Регистар и/или нотар.Влогот на основачот Марија Грубор изнесува 3.600,00 денари.Влогот на основачот Кристина Стоилковска изнесува 3.600,00 денари.Влогот на основачот Ана Блажева изнесува 3.600,00 денари.Членарина, парична обврска и висинаЧлен 18За времетраењето на членството, членовите на задругата плаќаат и годишна членарина.Генералното Собрание одлучува за висината на членарината.Средства и фондови на Задругата Член 19Имотот на Задругата го сочинуваат членските влогови на членовите, имотот стекнат со работењето на Задругата и имотот стекнат на друг начин (донации, и др.). Имотот на Задругата може да биде во предмети, права и пари. Задругата има една колективна трансакциска сметка, една резервна сметка со заштедени заеднички средства, и 3 лични потсметки за основачките – во НЛБ Банка АД Скопје. При основањето, имотот на задругата изнесува: основачки влог од 10,800 денари, уплатен на колективната трансакциска сметка.Состојбата на оваа сметка се дискутира на транспарентен и егалитарен начин. Притоа, само овластени потписници можат да ги подигнат средствата од сметката. Овластени потписници можат да бидат САМО трите основачки како и овластеното лице на задругата.Со трите лични потсметки управуваат трите основачки и овластеното лице на Задругата. Состојбата на овие сметки е информација од јавен карактер за Задругата, меѓутоа никој освен основачките не може да подигне средства од овие три сметки.Право на учество во добивката и начинот на пресметувањеЧлен 20 Членовите имаат право на соодветен дел од добивката.Добивката се дели меѓу членови сразмерно на нивното учество во обртот на Задругата.Добивката од работата на Задругата, Собранието ја распоредува на дел кој се уплаќа во фондовите а може да определи и дел кој им се дели на членовите на Задругата. Делот од добивката кој им се дели на членовите е сразмерен на обемот на работа (обртот) кој членот на Задругата го реализирал во Задругата.Во првите дваесет години од постоењето Задругата има обврска да уплатува најмалку 5% од годишната добивка по оданочување на сметка на резервниот фонд на Задругата.Добивката (загубата) на задругата се пресметува врз основа на годишна сметка составена во согласност со прописите кои се апликативни за трговските друштва.Доколку некој кој не е член стекнал удел а не е примен како член, тој нема право на пренос на дел од остварената добивка.Член 21Генералното Собрание одлучува за распределбата на дивиденда, времето кога таа се врши, можноста Координаторот/овластеното лице на задругата да одлучува за распределбата според критериуми и насоки утврдени од собранието, начинот на кој што се води евиденцијата за распределбата и се утврдува износот на кој секој одделен член има право и ограничувањата при распределбата.Органи на управувањеЧлен 22 Органи на Задругата се: Генерално Собрание и Управен одбор.Управување и застапувањеЧлен 23Највисок орган во Задругата е Генералното Собрание на целокупното членство. Оттука, истиот го сочинуваат сите членови на Задругата, освен надворешните соработници и консултанти. Генералното Собрание има свое одговорно лице и застапник кој се бира на секој собир на собранието. Организаторот може, согласно одлука донесена во рамки на Генералното Собрание, да добие мандат до максимум 1 (една) година.Генералното Собрание ги има следните задачи кои не може да се пренесуваат:Го донесува статутот на Задругата и сите неговите измени и дополнувањаГо избира и разрешува Управниот одборГи усвојува годишните сметки и донесува одлуки за распределба на добивкатаВерификува одлука за исклучување на член од Управниот одборГи верификува новите членови одобрени од Управниот одборПрима барања за нови членови и ги спроведува до Управниот одборЈа одредува висината на влезниот членски влогГо усвојува годишниот план и програма за работаДонесува одлука за престанок на постењето на ЗадругатаДонесува свој деловник за работаНа редовната седница на Генералното Собрание се расправа по следниот дневен ред:Избор на КоординаторИзбор на ЗаписничарУтврдување на правото на гласИзвештај на Управниот одбор за последната деловна годинаИзвештај на ревизоритеУсвојување на финансиските извештаи и биланс на состојбаРазрешување на членови на Управниот одборДруги прашања поставени на дневен редПрашањата кои членовите сакаат да се дискутираат на редовната седница на Генералното Собрание се доставуваат до Управниот одбор најмногу три месеци пред одржувањето на редовната седница на Генералното Собрание, на e-mail или со внес во соодветна програма за електронско управување со задруга.Покрај Статутот, Манифестот на Задругата е вториот најважен документ кој го пропишува внатрешното уредување, како и управувањето со истата.Начин на донесување одлуки и проширување/ограничување на право на гласЧлен 24Секој член на Генералното собрание има еден глас.Начинот на одлучување е со две третини од присутните на седницата на Собранието.За сите одлуки на Собранието се потребни присутни од мин. 20% од моменталниот број на членови на Задругата на денот на одржување на седницата на Собранието, освен во случај на менувањето на Управниот одбор кога се потребни мин. 50% присутни од моменталниот број на членови на денот на одржувањето на седницата на Собранието.Доколку при донесување на одлуки се случи бројот на членови кои гласале за да е еднаков со бројот на членови на задругата кои гласале против, гласањето се повторува. Доколку и по второто гласање бројот на гласови е изедначен, гласот на основачките на Задругата е одлучувачки.Член 25Членовите на управниот одбор и сите членови на задругата, со тужба изјавена против задругата, можат да ги оспоруваат одлуките на Собранието што се спротивни на законите или на статутот на задругата.Член 26Редовната седница на Генералното Собрание се одржува не покасно од 15-ти Март. Поканата за седницата на Генералното Собрание се праќа до членовите не покасно од 3 дена пред одржувањето на седницата. Поканата се праќа по е-mail.Вонредно Собрание се одржува откако ќе се обезбеди консензуална одлука од Управниот одбор или се обезбеди најмалку една третина (1/3) гласови ЗА од вкупниот број на членови на Задругата.Вонредна седница на Генералното Собрание можат да свикаат Управниот одбор или најмалку една третина (1/3) од вкупниот број на членови на Задругата.Член 27Управниот одбор има свое одговорно лице и застапник, именуван како Овластено лице, кој се бира од членовите на Управниот одбор. Овластеното лице на Управниот одбор има мандат од четири (4) години со право на неограничен број на реизбори. Овластеното лице го води работниот процес на Управниот одбор.За овластено лице на Задругата со неограничени овластувања, се именува Марија Грубор, ул. Вардарска бр.66, 1400 Велес, државјанин на Република Македонија, со ЕМБГ 2402992485009.Член 28Управниот одбор брои најмалку 3 члена. Мандатот на членовите на Управниот одбор е четири години со право на неограничен број на реизбори. Членовите на Управниот одбор може да се бираат од членовите на Задругата, или од надворешните соработници и консултанти на истата. Членовите на Управниот одбор се должни да управуваат со Задругата и да се грижат за остварувањето на целите на задружното здружување со внимание на совесен, чесен и посветен трговец. Членовите на Управниот одбор можат да бидат и извршни членови, истовремено и вработени во Задругата. Ги предложува и ги именува Генералното Собрание.Управниот одбор ги врши следните работи:Ги подготвува сите прашања што треба да се изнесат за разгледување и за одлучување пред Генералното Собрание на Задругата.Ги спроведуваат одлуките на Генералното Собрание.На лицата овластени за раководење со секојдневното работење на Задругата и на лицата овластени за нејзиното застапување, врши проверка дали нивното работење е во согласност со овој Статут и другите прописи и редовно се информира за работење на Задругата.Се грижи за правилно водење на регистратор на членовите на ЗадругатаОдлучува за промена на фирмата, печатот и печатите за архивско работење, односно штембилот и седиштетоСе грижи за законито водење на трговските книги изготвувањето на годишните сметки на Задругата. Изготвените годишни сметки навремено ги доставува кај овластен ревизор, односно друштво за ревизијаГо известува регистарот за приемот на секој нов член и за повлекувањето или исклучувањето на секој од постојните членови на ЗадругатаСвикува седници на Генералното СобраниеДава предлог до Собранието за реинвестирање на добивкатаОдлучува за обештетување од страна на поголем член при негова одлука за отстапување од членствоСпроведува право на ограничување за повлекување на член од ЗадругатаСпроведува постапка за вклучување на членСпроведува постапка на исклучување на членДонесува одлука за основање на друга задруга или задружен сојуз, подружницаДонесува одлука за основање на друго правно лице Одлучува за ревизорЧлен 29 Задругата има Овластено лице кој раководи со дневното работење, а истиот е избран од Управниот одбор со повеќе од 2/3 мнозинство. Никој во Задругата, нема право на вето при гласање и носење одлуки. Мандатот на истиот е четиригодишен, со можност за промена и реизбор во услови на вонредна ситуација, според соодветниот правилник издаден од Задругата. Овластеното лице се бира од членовите на Управниот одбор кои членуваат во тој период во Управниот одбор.Овластеното лице на Управниот одбор:Го организира и раководи процесот на работа на ЗадругатаГи организира работните места и распределба на активностите на ЗадругатаВрши уплати и исплати во име на Задругата, за што се потребни уште два потписи од задругарите (истите можат да бидат членови на Управниот одбор) кои се назначени да раководат со заедничката трансакциска сметка на Задругата.Ја застапува задругата пред трети лица во согласност со одредбите на овој Статут, законските норми и акти како и одредбите од договорот за работа кој го потпишува Управниот одборГи извршува одлуките на Генералното Собрание и Управниот одбор на ЗадругатаГо евидентира детално развојот на Задругата и нејзината работна политикаДо Управниот одбор предложува лица вработени во Задругата за нејзините потреби ја предлага внатрешната организација на ЗадругатаПоднесува извештаи за работата на Задругата до Управниот одбор , за време на редовните работни состаноци или преку e-mailГи врши сите други работи во согласност со важечките прописиОвластеното лице на Управниот одбор е во постојана координација со Управниот одбор.Член 30Овластеното лице на Управниот одбор, соодветно и прописно изгласан според правилниците на Задругата, е единствениот кој може да ја застапува и претставува Задругата во јавноста, на суд или пак пред медиуми. Член кој не е назначен за таа функција, не може и не смее самоиницијативно да ја претставува Задругата во јавноста без соодветно одобрение. Доколку тоа се случи, Генералното Собрание и Управниот одбор одржуваат состаноци околу можното исклучување на таквиот член и смеат да одлучат во негово отсуство.Стечај и ликвидација на Задругата и лична одговорност на членовитеЧлен 31 Во случај на ликвидација или стечај на Задругата, Задругата одговара со целокупниот имот, а членовите ќе бидат ограничено одговорни до висина на своите индивидуални удели во Задругата.Доколку Генералното Собрание одлучи за престанок на работа на Задругата, имотот на Задругата ќе се подели меѓу членовите на следниот начин:Прво на сите членови им се исплаќаат влоговитеОстанатиот имот ќе биде поделен меѓу членовите сразмерно на нивното учество во обртот на Задругата во последните три деловни години.33% од останатиот имот односно 33% од вредноста на целокупниот преостанат имот ќе му се додели на членот Марија Грубор.Личноста која станала член на Задругата по пат на наследство на удел исто ќе има право на дел од имотот на Задругата согласно вкупниот обрт на на наследникот и членот кој тој/таа го наследил.Завршни одредбиНачин на објавување одлуки Член 32Задругата своите одлуки ги доставува по е-маил на своите членови. Како релевантен е-маил од членовите ќе се смета само тој е-маил што е доставен до Овластеното лице од страна на членовитеНачин на измена на статутЧлен 33Одредбите на овој статут можат да бидат променети со двотретинско мнозинство од сите членови на Задругата.Член 34Податоци за членовите- основачи на Задругата:Марија ГруборКристина СтоилковскаАна БлажеваЧлен 35За сé што не е споменато во Статутот, важат и задолжително се применуваат одредбите наведени во Законот за задругите како и Етичкиот кодекс на психолози на РМ и сите релевантни Одлуки на Комората на психолози на РМ.