Катарза Низ Креација/Catharsis Through Creation
Врз основа на член 5 и член 6 од Законот за задругите (Сл. Весник 54/02 од 04.07.2002, Сл. Весник 84/05 од 03.10.2005 г.), Собранието на Прва задруга на општествено-хуманистички работници ПСИХОАКТИВ со ограничена одговорност Скопје, со седиште на ул. 23ти Октомври бр.33-3/11, 1000 Скопје, на седницата одржана на ден 06.11.2017 година, го донесе следниот:
СТАТУТ
Општи Одредби
Член 1
Со овој Статут се уредуваат основањето, членувањето, средствата, фондовите, организацијата и престанокот на работа на задругата.
Фирма и седиште на Задругата
Член 2
Името на задругата е Прва задруга на општествено-хуманистички работници ПСИХОАКТИВ со ограничена одговорност Скопје (во понатамошниот текст Задруга).
Скратен назив на задругата е ПСИХОАКТИВ Скопје.
Седиштето на Задругата е во Скопје, општина Аеродром, адреса: 23ти Октомври бр. 33-3/11.
Печатот, архивските печати и штембилот на Задругата се употребуваат на сите општи акти и коресподенцијата на Задругата.
Основна дејност на задругата е пружање психолошка помош и советување, според носечката шифра за психолог – советник во советувалиште во Националната класификација на занимања: 2514/2634.08.
Во продолжение, покрај психосоветувањето, како дел од основната дејност на задругата ПСИХОАКТИВ ги вбројуваме и следните шифри:
3240/4.07 – Самостоен психолог – истражувач
2513/2634.11 – Психолог – психотерапевт
Задругата ги објавува одлуките преку е-маил адреса на членовите.
Носечки и други дејности на задругата Психоактив
ГЛАВНА дејност на Задруга Психоактив:
I. Психолошка дејност
2511/2634.06
1.2 Самостоен психолог – истражувач
3240/4.07
1.3 Психолог – советник во советувалиште
2514/2634.08
1.4 Психолог – психотерапевт
2513/2634.11
Споредни дејности:
II. Социјална педагогија
3456/2351.07
III. Раскажување
3138/2655.03
ГЛАВНА дејност на ПОДРУЖНИЦА 1
I. Издавачка и уредничка дејност
1.1 Издаваштво
2507/3315.04
1.2 Уредник
3953/2641.01
Споредни дејности:
II. Фотографска дејност
4019/3431.01
2.1 Фотографски техничар
4023/3431.07
2.2 Фотолаборант
4024/8132.08
Цели на задругата
Член 3
Задругата има за цел да го поттикне и унапреди економскиот интерес на нејзините членови, но и да промовира позитивни и корисни вредности, лична и колективна автономија и критичка мисла во пошироката заедница со тоа што самата или преку други ќе:
Задругата своите цели, задачи и активности ке ги остварува во согласност со Уставот на РМ, законот за задруги и останатите закони на РМ.
Основачко Собрание на Задругата
Член 4
Основачките на задругата го свикуваат основачкото собрание и го донесуваат статутот во писмена форма.
Основачкото собрание ги одобрува сите писмени извештаи изготвени и доставени од страна на основачите во врска со влоговите изразени во предмети или права, како и во врска со почетниот имот на задругата.
Основачкото собрание ги назначува органите на задругата.
До запишувањето на задругата во централниот регистар, членството се стекнува преку потпишување на статутот на задругата.
Правен субјективитет
Член 5
Задругата се стекнува со правен субјективитет од денот на уписот во Централниот Регистар на Р.М.
Подружници и фирми
Член 6
Задругата може да основа подружници.
Задругата може да основа фирми во склоп на дејноста на своето работење, само во согласност со целите и принципите на задругата.
Органите на задругата се должни да ги следат целите и принципите на задругарско работење во соработка и договори со други организации, вклучувајќи ги и владините, и го прават тоа само под услови кои гарантираат демократска контрола на своите членови и одржување и задржување на автономноста на задругата.
Прием на членство во Задругата
Член 7
Бројот на членовите во задругата е неограничен, а условите за стекнување на членството во задругата се утврдуваат во статутот на Задругата.
Член во задругата може да биде секое правно и физичко лице.
За приемот на нови членови во Задругата одлучува Управниот одбор (за потребите на овој документ, овој орган понатаму ќе биде означен како Управен одбор).
Заинтересираните за членство треба да поднесат барање (според урнек) за прием до Генералното Собрание. За прием на нов член одлучува Управниот одбор, а го верификува Генералното Собрание.
Притоа, со оглед на одлуката донесена на Генералното Собрание, одлуката донесена на Управниот одбор, официјално се одобрува или одбива барањето за членство. За одобрување на членството, поединецот мора да добие мнозинство од гласовите.
Во случај да членството на поединецот не добие верификуван статус од страна на наведените органи – поединецот добива можност да аплицира повторно за 6 (шест) месеци од датумот на одбивање на неговото барање за членство.
По добиеното барање за членство, Управниот одбор е должен во рок од највеќе 5 (пет) календарски денови да одлучи и да го извести подносителот на барањето (телефонски или преку e-mail) за одлуката за статусот на неговото членство и истиот да го повика на уплата на членски влог. Доколку во рок од 5 (пет) календарски денови од известувањето за прифатено членство лицето не го уплати членскиот влог – одлуката за прием на новиот член се смета за поништена.
Доказ за членство и лични податоци на членовите
Член 8
Како доказ за членство и влог, членот ќе добие потврда за удел од Задругата, во која како доказот за членство ќе бидат наведени се следниве податоци:
Заштитата на горенаведените лични податоци ќе биде обезбедена преку соработка со Агенцијата за заштита на личните податоци и носење на соодветни правилници од страна на Задругата, како истата би обезбедила нивна обработка и максимална безбедност.
Права и должности на членовите
Член 9
Сите членови во Задругата ги имаат истите права и должности.
Членовите ги имаат следните права:
Секој член на задругата е автоматски член и на Генералното Собрание.
Притоа, за да стане член на Управниот одбор, треба да биде избран како задругар-застапник според соодветен правилник.
Парични и непарични обврски на членовите
Член 10
Членовите ги имаат следните обврски:
Престанок на членство
Член 11
Членството во Задругата престанува со:
Член 12
Управниот одбор може да донесе одлука за исклучување од членство во следните околности:
Начин на престанок на членство
Член 13
Постапката за исклучување ја покренува член во Задругата во пишана форма која ја доставува до Управниот одбор. Одлуката за исклучување од членство донесена од Управниот одбор мора да ги содржи и причините за исклучувањето и истата му се доставува на членот по е-маил и со тоа се смета за доставена.
Член 14
Одлуката за одбивање на барање за членство не мора да биде образложена.
Одлуката за исклучување или истапување од членство мора да биде образложена.
Членот има право да ја обжали одлуката за исклучување по писмен пат, не подоцна од еден месец по известувањето за исклучување до Генералното Собрание.
Генералното Собрание одлучува по жалбата на наредната редовна (или, во ретки случаи, вонредна) седница.
Во случај на исклучување на член, 50% од неговите удели остануваат во Задругата, а другите 50% ги добива истоимениот – ова важи за членови кои биле во Задругата повеќе од 6 (шест) месеци. Во случај на исклучување на член кој бил задругар помалку од таа временска рамка, Задругата ги задржува уделите. При исклучување на членови кои биле во Задругата две (2) години или повеќе, 80% од уделите ги добива членот, а Задругата задржува 20%.
Пренос на членство
Член 15
Во случај на смрт на членот, на неговите наследници ќе им се исплати уделот на бившиот член, согласно оставинско решение. Наследникот е должен да биде член мин. 12 месеци по здобивањето на право на членство преку наследност, пред да истапи по своја слободна волја.
Повлекување
Член 16
Членот може да се повлече од членството во задругата само на крајот на деловната година и само под услов за таквото повлекување да ја известил задругата најдоцна 3 (три) месеци пред повлекувањето. Исплата на дивиденда или соодветен надомест се извршува една година по истапувањето на членот по одлука на Управниот одбор. Висината на овие побарувања се пресметуваат врз основа на имотот на задругата прикажан во билансот на состојбата на денот на повлекувањето, без резервите.
По исклучок, правото на повлекување може да се изврши под услов членот кој се повлекува да плати определен износ на обесштетување на Задругата, ако неговото повлекување може да предизвика значителни штети на задругата или го загрозува нејзиното натамошно работење. За повлекувањето на таков член, и за висината на обесштетувањето, одлучува Управниот одбор.
При отстапување од членство поради било која причина, се враќа 50% од влогот на членот, во временски рок не подолг од 3 месеци по истапување на членот.
По исклучок исплатата може да се изврши за период подолг од три години, ако таквата исплата може да предизвика сериозна штета или го загрозува идниот развој на задругата, за пролонгирање на исплатата одлучува управниот одбор.
Висина на влог и создавање на главнина на задругата
Член 17
Членските влогови преставуваат главнина на Задругата. Еден член има право да вложи еден влог.
Доказ за членство во задругата е издадената потврда за удел (пристапница).
Висината на влогот ја одредува Генералното Собрание на задругата.
Членскиот влог во Задругата освен во пари, не може да биде изразен во предмети и/или права.
Покрај основачките влогови, влоговите на новите членови исто така се запишуваат во Централен Регистар и/или нотар.
Влогот на основачот Марија Грубор изнесува 3.600,00 денари.
Влогот на основачот Кристина Стоилковска изнесува 3.600,00 денари.
Влогот на основачот Ана Блажева изнесува 3.600,00 денари.
Членарина, парична обврска и висина
Член 18
За времетраењето на членството, членовите на задругата плаќаат и годишна членарина.
Генералното Собрание одлучува за висината на членарината.
Средства и фондови на Задругата
Член 19
Имотот на Задругата го сочинуваат членските влогови на членовите, имотот стекнат со работењето на Задругата и имотот стекнат на друг начин (донации, и др.). Имотот на Задругата може да биде во предмети, права и пари. Задругата има една колективна трансакциска сметка, една резервна сметка со заштедени заеднички средства, и 3 лични потсметки за основачките – во НЛБ Банка АД Скопје. При основањето, имотот на задругата изнесува: основачки влог од 10,800 денари, уплатен на колективната трансакциска сметка.
Состојбата на оваа сметка се дискутира на транспарентен и егалитарен начин. Притоа, само овластени потписници можат да ги подигнат средствата од сметката. Овластени потписници можат да бидат САМО трите основачки како и овластеното лице на задругата.
Со трите лични потсметки управуваат трите основачки и овластеното лице на Задругата. Состојбата на овие сметки е информација од јавен карактер за Задругата, меѓутоа никој освен основачките не може да подигне средства од овие три сметки.
Право на учество во добивката и начинот на пресметување
Член 20
Членовите имаат право на соодветен дел од добивката.
Добивката се дели меѓу членови сразмерно на нивното учество во обртот на Задругата.
Добивката од работата на Задругата, Собранието ја распоредува на дел кој се уплаќа во фондовите а може да определи и дел кој им се дели на членовите на Задругата. Делот од добивката кој им се дели на членовите е сразмерен на обемот на работа (обртот) кој членот на Задругата го реализирал во Задругата.
Во првите дваесет години од постоењето Задругата има обврска да уплатува најмалку 5% од годишната добивка по оданочување на сметка на резервниот фонд на Задругата.
Добивката (загубата) на задругата се пресметува врз основа на годишна сметка составена во согласност со прописите кои се апликативни за трговските друштва.
Доколку некој кој не е член стекнал удел а не е примен како член, тој нема право на пренос на дел од остварената добивка.
Член 21
Генералното Собрание одлучува за распределбата на дивиденда, времето кога таа се врши, можноста Координаторот/овластеното лице на задругата да одлучува за распределбата според критериуми и насоки утврдени од собранието, начинот на кој што се води евиденцијата за распределбата и се утврдува износот на кој секој одделен член има право и ограничувањата при распределбата.
Органи на управување
Член 22
Органи на Задругата се: Генерално Собрание и Управен одбор.
Управување и застапување
Член 23
Највисок орган во Задругата е Генералното Собрание на целокупното членство. Оттука, истиот го сочинуваат сите членови на Задругата, освен надворешните соработници и консултанти. Генералното Собрание има свое одговорно лице и застапник кој се бира на секој собир на собранието. Организаторот може, согласно одлука донесена во рамки на Генералното Собрание, да добие мандат до максимум 1 (една) година.
Генералното Собрание ги има следните задачи кои не може да се пренесуваат:
На редовната седница на Генералното Собрание се расправа по следниот дневен ред:
Прашањата кои членовите сакаат да се дискутираат на редовната седница на Генералното Собрание се доставуваат до Управниот одбор најмногу три месеци пред одржувањето на редовната седница на Генералното Собрание, на e-mail или со внес во соодветна програма за електронско управување со задруга.
Покрај Статутот, Манифестот на Задругата е вториот најважен документ кој го пропишува внатрешното уредување, како и управувањето со истата.
Начин на донесување одлуки и проширување/ограничување на право на глас
Член 24
Секој член на Генералното собрание има еден глас.
Начинот на одлучување е со две третини од присутните на седницата на Собранието.
За сите одлуки на Собранието се потребни присутни од мин. 20% од моменталниот број на членови на Задругата на денот на одржување на седницата на Собранието, освен во случај на менувањето на Управниот одбор кога се потребни мин. 50% присутни од моменталниот број на членови на денот на одржувањето на седницата на Собранието.
Доколку при донесување на одлуки се случи бројот на членови кои гласале за да е еднаков со бројот на членови на задругата кои гласале против, гласањето се повторува. Доколку и по второто гласање бројот на гласови е изедначен, гласот на основачките на Задругата е одлучувачки.
Член 25
Членовите на управниот одбор и сите членови на задругата, со тужба изјавена против задругата, можат да ги оспоруваат одлуките на Собранието што се спротивни на законите или на статутот на задругата.
Член 26
Редовната седница на Генералното Собрание се одржува не покасно од 15-ти Март. Поканата за седницата на Генералното Собрание се праќа до членовите не покасно од 3 дена пред одржувањето на седницата. Поканата се праќа по е-mail.
Вонредно Собрание се одржува откако ќе се обезбеди консензуална одлука од Управниот одбор или се обезбеди најмалку една третина (1/3) гласови ЗА од вкупниот број на членови на Задругата.
Вонредна седница на Генералното Собрание можат да свикаат Управниот одбор или најмалку една третина (1/3) од вкупниот број на членови на Задругата.
Член 27
Управниот одбор има свое одговорно лице и застапник, именуван како Овластено лице, кој се бира од членовите на Управниот одбор. Овластеното лице на Управниот одбор има мандат од четири (4) години со право на неограничен број на реизбори. Овластеното лице го води работниот процес на Управниот одбор.
За овластено лице на Задругата со неограничени овластувања, се именува Марија Грубор, ул. Вардарска бр.66, 1400 Велес, државјанин на Република Македонија, со ЕМБГ 2402992485009.
Член 28
Управниот одбор брои најмалку 3 члена. Мандатот на членовите на Управниот одбор е четири години со право на неограничен број на реизбори. Членовите на Управниот одбор може да се бираат од членовите на Задругата, или од надворешните соработници и консултанти на истата. Членовите на Управниот одбор се должни да управуваат со Задругата и да се грижат за остварувањето на целите на задружното здружување со внимание на совесен, чесен и посветен трговец. Членовите на Управниот одбор можат да бидат и извршни членови, истовремено и вработени во Задругата. Ги предложува и ги именува Генералното Собрание.
Управниот одбор ги врши следните работи:
Член 29
Задругата има Овластено лице кој раководи со дневното работење, а истиот е избран од Управниот одбор со повеќе од 2/3 мнозинство. Никој во Задругата, нема право на вето при гласање и носење одлуки. Мандатот на истиот е четиригодишен, со можност за промена и реизбор во услови на вонредна ситуација, според соодветниот правилник издаден од Задругата. Овластеното лице се бира од членовите на Управниот одбор кои членуваат во тој период во Управниот одбор.
Овластеното лице на Управниот одбор:
Овластеното лице на Управниот одбор е во постојана координација со Управниот одбор.
Член 30
Овластеното лице на Управниот одбор, соодветно и прописно изгласан според правилниците на Задругата, е единствениот кој може да ја застапува и претставува Задругата во јавноста, на суд или пак пред медиуми. Член кој не е назначен за таа функција, не може и не смее самоиницијативно да ја претставува Задругата во јавноста без соодветно одобрение. Доколку тоа се случи, Генералното Собрание и Управниот одбор одржуваат состаноци околу можното исклучување на таквиот член и смеат да одлучат во негово отсуство.
Стечај и ликвидација на Задругата и лична одговорност на членовите
Член 31
Во случај на ликвидација или стечај на Задругата, Задругата одговара со целокупниот имот, а членовите ќе бидат ограничено одговорни до висина на своите индивидуални удели во Задругата.
Доколку Генералното Собрание одлучи за престанок на работа на Задругата, имотот на Задругата ќе се подели меѓу членовите на следниот начин:
Завршни одредби
Начин на објавување одлуки
Член 32
Задругата своите одлуки ги доставува по е-маил на своите членови. Како релевантен е-маил од членовите ќе се смета само тој е-маил што е доставен до Овластеното лице од страна на членовите
Начин на измена на статут
Член 33
Одредбите на овој статут можат да бидат променети со двотретинско мнозинство од сите членови на Задругата.
Член 34
Податоци за членовите- основачи на Задругата:
Член 35
За сé што не е споменато во Статутот, важат и задолжително се применуваат одредбите наведени во Законот за задругите како и Етичкиот кодекс на психолози на РМ и сите релевантни Одлуки на Комората на психолози на РМ.
Made at the tip of Africa. ©